Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Со зголемување на старосната граница за вработување, Тошковски сака да го врати МВРО-ВМРО, алармира СДСМ

Наместо да се отворат вратите за млади, образовани луѓе со потенцијал и свежа енергија, се создава систем каде партиски кадри се вдомуваат по партиска линија порача денеска пратеникот на СДСМ, Миле Талески по повод измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи.

„Еве уште еден доказ дека овој закон служи за создавање партиска војска на ВМРО-ДПМНЕ: со член 15 се подига старосната граница за вработување на 30 години, со што се отвора простор исклучиво за вработување партиски кадри“ рече тој.

Според СДСМ и други измени на законите имаат за цел да се партизира полицијата.

„Со член 4 се бришат критериумите за минимум 6 години работно искуство и 4 години раководна позиција за началник на сектор за внатрешни работи. Тоа значи дека лице без никакво искуство, некој што вчера положил приправнички испит, може да биде поставен на оваа позиција — ако е партиски подобен. Повторувам, без никакви критериуми, може да се избере началник на сектор за внатрешни работи. Со овие измени МВР не се јакне, туку се претвора во сервис на партијата на власт“ додаде Талески.

Меѓу спорните измени се и оние со кои се укинуваат позициите заменик командир и заменик началник, како и припојувањето на Регионалните центри за гранични работи кои ќе направат хаос во кариерниот систем во МВР.

Можеби ќе ве интересира

Претреси во радовишко, пронајдени дрога и оружје, лишени од слобода две лица

ДЕСК

Гори на три локации низ Македонија

ДЕСК

Колку далеку нѐ носи говорот на омраза – и дали нѐ враќа назад?

ДЕСК