Блескава насмевка, која ќе ги воодушеви оние околу вас со снежно бели заби, е нешто по кое сите копнееме.
Според некои податоци, речиси секој втор човек не е задоволен од бојата на своите заби, без разлика дали се природно малку потемни или со жолтеникави нијанси или, пак, станале такви со возраста.
А оние заби што некогаш биле навистина убави природно бели, со возраста стануваат жолти, потемнуваат или развиваат дамки. Делумно ова се должи на абењето на емајлот, а дел од чадот од цигарите и од некои прдукти кои може да ги обојат забите.
Мени за избелување
Веројатно, секој барем еднаш во животот пробал паста за заби, гел, вода за уста, маска за заби или некој друг производ за избелување на заби од типот направи сам. Многумина, кои може да си го дозволат тоа, се подложуваат на третмани за избелување кај стоматолог. Но, малкумина знаат дека првиот чекор кон блескава насмевка се прави на маса, со избирање храна што влијае како природно средство за избелување.
Брокула и карфиол
Кога се јадат свежи како салата, нивната груба површина помага во чистењето на забите и непцата. Колку подолго ги џвакате, толку повеќе плунка се лачи, што го подобрува ефектот на избелување.
Јагоди
Нивната киселина помага во разградувањето на дамките на површината на глеѓта. За да го подобрите ефектот на избелување, можете да измешате пире од јагоди со малку сода бикарбона и да ја истриете добиената смеса со четка за заби околу една минута. Потоа исплакнете со млака вода.
Сирење и јогурт
Со стимулирање на лачењето плунка млечните производи имаат ефект на избелување сличен на оној на брокулата. Покрај тоа, млечната киселина помага во разградувањето на површинските дамки на глеѓта.
Семки и суво овошје
Благодарение на нивната абразивна конзистенција, тие дејствуваат како природен ексфолијант за заби отстранувајќи плак и дамки.
Ананас
Покрај намалувањето на воспалението, ензимот бромелаин присутен во ова овошје помага во уништувањето на протеините, кои, кога се таложат на глеѓта, ги прават забите жолтеникави.
Кромид
Сулфурните соединенија спречуваат формирање плак на забите, но и меѓу нив. Трикот е да го јадете свеж.
Целер и моркови
Високата содржина на вода ги зајакнува непцата и помага во отстранувањето на остатоците од храна, а крцкавата текстура дејтсвува како природен ексфолијант.
Јаболка
Со неутрализирање на бактериите што предизвикуваат плак и лош здив јаболката ги зајакнуваат непцата и ги отстрануваат сите дамки.
Продукти што треба да се избегнуваат
Секако, постојат продукти што го прават токму спротивното од она што го сакате, како што се чајот и кафето, црвеното вино, газираните пијалаци, соковите од темно овошје, капините и малините, оцетот балсамико и темните сосови, како соја-сос или доматен сос. Затоа не користете ги секој ден, а кога ќе го направите тоа, веднаш потоа измијте ги забите./Извор:Makfax
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...