Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Измени на Законот за полиција, кој ќе биде подобен ќе може да стане началник и веднаш откако ќе се вработи во полиција

Согласно предлог измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, ќе следуваат сериозни промени во начинот на функционирање на полицијата и Министерството за внатрешни работи.

За опозицијата овие измени на законите не носат унапредување за условите за работа, туку напротив, истите ќе доведат до партизација на полицијата.

Како аргумент за тоа, опозициската СДСМ ја наведува измената на член 4 од Законот за полиција каде се бришат критериумите за минимум 6 години искуство и 4 години раководна позиција за началник на СВР.

Тоа значи дека на пример, началник на СВР може да стане и човек кој вчера положил приправнички испит и се вработил во МВР, без претходно да има какво било раководно искуство.

Тоа може да донесе пореметување во кариерниот систем особено ако се земе предвид дека со измените се укинуваат и одредени позиции како заменик командир и заменик началник.

Понатаму, со предложените измени Регионалните центри за гранични работи се припојуваат кон Секторите за внатрешни работи.

Тоа може да ја загрози безбедноста на границите и да ги охрабри криумчарите на мигранти повторно да ја активираат Македонија во Балканската рута.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Предмалку почуствуван земјотрес од 2.9 степени според рихтер во Македонија – Сеизмолозите излегоа со информации

ДЕСК

Инцидент во угостителски објект во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет

ДЕСК

Се запали возило во Скопје

ДЕСК