Centar.mk
фотографијата е илустративна / Pixabay
Uncategorized

Тешка сообраќајка во Охрид – повеќемина повредени

На 28.07.2025 во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(32) од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(51) од с.Лескоец, охридско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „пежо“, 62-годишната Л.П. и К.П.(30), двајцата од с.Лескоец, охридско, додека со телесни повреди двајцата возачи, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Блесна новогодишната елка во Скопје

ДЕСК

СДСМ: Македонија – црна точка, програма на ВМРО-ДПМНЕ 2030!

ДЕСК

Николовски: Царината успешно спречи обид за шверц на 5.200 штеки цигари – во фокус спречување нелегална трговија со тутун

ДЕСК