Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пукање во велешко од возило во движење, едно лице уапсено со два пиштоли и огномети

На 28.07.2025 во 14.30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Велес го лишија од слобода лице(25) од село Бузалково, велешко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“, пиштол „АГ-9“ и 100 парчиња огномет.

Исто така, тој се сомничи дека претходниот ден во село Горно Оризари, велешко, додека се движел со патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, преку отворен прозор испукал еден истрел со пиштол.

Мажот е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК