Централната власт до пратениците достави предлог измени и дополнувања на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи, а прегледот на истите покажува дека тие се полни со контроверзни моменти.
Една од најскандалозните измени во Законот за полиција е бришењето на членот 19.
„На полициски службеник на кого со правосилна одлука му е забрането да врши определени работи од работниот однос или ако му е изречена заштитна или безбедносна мерка, поради која не може да врши работи подолго од шест месеца или ќе мора заради издржување на казна затвор да отсуствува од работа повеќе од шест месеца, му престанува работниот однос во Полицијата со денот на врачувањето на правосилната пресуда. Решението за престанок на работниот однос според ставот 1 на овој член го донесува министерот“ пишува во членот во сегашната верзија.
Со бришењето на овој член, фактички се брише и санкционирањето, односно тоа во реалноста би можело да значи дека и доколку некој полициски службеник е правосилно осуден за кривично дело, тој да може да се врати на работа по издржување на казната.
Со измените на Законот за внатрени работи пак, се намалуваат работни места како заменик командир и заменик началник, додека пак, нејверојатно поради слаб интерес кај граѓаните во последната година, границата за вработување во полицијата од 25 се зголемува на 30 години возраст.
Понатаму, во член 4 од Законот за полиција се бришат критериумите за минимум 6 години искуство и 4 години раководна позиција за началник на СВР.
Тоа значи дека например, началник на СВР може да стане и човек кој вчера положил приправнички испит и се вработил во МВР, без претходно да има какво било раководно искуство.
Опозицијата, експертската јавност како и дел од синдикалците во МВР се противат на овие измени на Законот за полиција и Законот за вантрешни работи, чија што последна верзија беше донесена во соработка со ЕУ и ОБСЕ и ги следеше европските пракси.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...