Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН: Продолжува процесот на кариерен развој на наставниците, а стручните соработници можат да конкурираат за ментори

Министерството за образование и наука објави два јавни повици за кариерен развој на наставниците и стручните соработници во основните и во средните училишта. За прв пат наставниците-ментори во основните училишта можат да напредуваат во наставници-советници, а за наставниците во средните училишта се воведува можност да стекнат звање наставник-ментор. Кариерен развој за прв пат ќе имаат и стручните соработници во основните и средните училишта. Продолжува и процесот на унапредување на наставниците од основното образование во наставници-ментори.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека кариерниот развој не е важен само за наставниците, туку директно влијае на квалитетот на воспитно-образовниот процес.

„Го деблокираме процесот на кариерен развој. Сакаме наставниците да вложуваат во квалитетно образование на младите, затоа како Влада и Министерство отвораме можности тие да напредуваат преку валоризирање на трудот, искуството и резултатите. Младите наставници треба да имаат поддршка од поискусните колеги-ментори а нам, како креатори на политики, значаен ни е придонесот на наставниците-советници“, објасни Јаневска и ги повика наставниците да се вклучат во процесот на кариерен развој.

Во двата јавни повика, објавени на веб-страната на Министерството за образование и наука, наведени се бројот на наставници и стручни соработници кои може да се стекнат со звања, по општина и училишта. Барањата за напредување во звања, наставниците и стручните соработници можат да ги достават најдоцна до 23.9.2025 година.

https://mon.gov.mk/content/?id=10286

https://mon.gov.mk/content/?id=10285

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК