Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реновирањето на студентските домови е значаен проект- студентите конечно ќе имаат повеќе од добри услови

Денес при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје и увид во активности за енергетски ефикасна рехабилитација на објектот, претседателот на Владата Мицкоски даде своја изјава за новинарите и целата јавност:
„ Ова е многу значаен проект, не само за овој студенстки дом, туку генерално за сите. Долго време беше заглавен во лавиринти, во процедури, конечно е одглавен.

Навистина голем напор од страна на министерството и мислам дека сето она за кое што зборуваше министерката ќе се случи.

За нас е важно да се заврши овој проект и конечно младите луѓе, студентите да добијат, јас би рекол повеќе од добри услови за сместување. Барем од тоа што успеавме да видиме, една просторија како сето тоа би излгеладо внатре, мислам дека тоа и вашите сниматели го проследија. Споредено со тоа како било порано станува збор за огромна разлика.

И навистина ќе уживаат во совладувањето на материјата на факултетите и универзитетите.

Јас можам само да посакам успешно студирање, сите оние технички и финансиски параметри од овој проект ги кажа и министерката, можам само да посакам побрзо да се заврши проектот и студентите да почнат да се вселуваат бидејќи тоа ни е нас најважно.

Во текот на следната година очекуваме да почнат полека да се вселуваат студентите.

Така што продолжуваме со она кое што го кажуваме, дека како Влада нашата цел е реализација на проекти, реформи бидејќи тоа го очекуваат од нас граѓаните. Да градиме, а не како што беше во минатото кога владите крадеа и тоа ужасно многу крадеа од граѓаните и ништо не успеаа да направат.“

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК