Centar.mk
СВЕТ

Кремљ: Путин му се јави на Нетанјаху, разговараа за Сирија и за Иран

Претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави прес-службата на Кремљ. Според руските власти, лидерите на двете земји разговарале за напнатата ситуација на Блискиот Исток.

„Руската страна ја потврди својата цврста позиција во корист на исклучиво мирно решавање на проблемите и конфликтите што постојат во регионот“, вели Кремљ. Путин ја нагласи важноста од поддршка на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.

Рускиот претседател исто така ја изрази подготвеноста на Русија да помогне во наоѓањето преговарачки решенија поврзани со нуклеарната програма на Иран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НАД 140.000 ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ФРАНЦИЈА – Скапиот живот предизвика нов бран протести

ДЕСК

НЕТАНЈАХУ ПРЕД МОЖНО ЗАМИНУВАЊЕ ОД ВЛАСТА – Претседателот на Израел му го довери мандатот на неговиот ривал

ДЕСК

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО ЈЕМЕН – Десетици загинати во воздушни напади во близина на Сана

ДЕСК