Centar.mk
СВЕТ

Кремљ: Путин му се јави на Нетанјаху, разговараа за Сирија и за Иран

Претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави прес-службата на Кремљ. Според руските власти, лидерите на двете земји разговарале за напнатата ситуација на Блискиот Исток.

„Руската страна ја потврди својата цврста позиција во корист на исклучиво мирно решавање на проблемите и конфликтите што постојат во регионот“, вели Кремљ. Путин ја нагласи важноста од поддршка на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.

Рускиот претседател исто така ја изрази подготвеноста на Русија да помогне во наоѓањето преговарачки решенија поврзани со нуклеарната програма на Иран./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп не планира да им враќа пари на компаниите поради укинувањето на царините

C +

Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

C +

Трамп му нареди на Пентагон да ги објави сите документи за НЛО и вонземјани

C +