Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Screenshot
-МАКЕДОНИЈА

Ќе се носат измени на Законот за полиција – началник ќе може да се стане и веднаш по прием во полиција?

Додека очите на јавноста се вперени кон интерпелацијата на државниот јавен обвинител, на денешната седница пред пратениците ќе се најдат и измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција.

Согласно предлог измените, ќе следуваат сериозни промени во начинот на функционирање на полицијата и Министерството за внатрешни работи.

Сепак дел од измените носат загриженост кај вработените во МВР, но и кај граѓанската и експертска јавност.

Една од тие измени е на член 4 од Законот за полиција каде се бришат критериумите за минимум 6 години искуство и 4 години раководна позиција за началник на СВР.

Тоа значи дека например, началник на СВР може да стане и човек кој вчера положил приправнички испит и се вработил во МВР, без претходно да има какво било раководно искуство.

Истовремено, една од најскандалозните измени е и бришењето на член 19 кој гласи:

„На полициски службеник на кого со правосилна одлука му е забрането да врши определени работи од работниот однос или ако му е изречена заштитна или безбедносна мерка, поради која не може да врши работи подолго од шест месеца или ќе мора заради издржување на казна затвор да отсуствува од работа повеќе од шест месеца, му престанува работниот однос во Полицијата со денот на врачувањето на правосилната пресуда. Решението за престанок на работниот однос според ставот 1 на овој член го донесува министерот“.

Со бришењето на овој член, фактички се брише и санкционирањето, односно тоа во реалноста би можело да значи дека и доколку некој полициски службеник е правосилно осуден за кривично дело, тој да може да се врати на работа по издржување на казната.

Понатаму, со предложените измени се кратат работни места затоа што не се предвиди позиции како заменик командир, заменик началник а Регионалните центри за гранични работи се припојуваат кон Секторите за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК