Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Вучиќ: Србија нема да воведе санкции против Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија нема да воведува санкции кон Русија и дека ќе се држи до својата сегашна политика, и покрај различните најави од владата.

Вучиќ рече дека граѓаните на Србија поддржуваат таков правец бидејќи тоа е „политика на независна и суверена држава“.

„Ќе продолжиме со нашата политика, која беше принципиелна и која досега се покажа како точна, која никому не му се допаѓаше, ниту на оние на Запад ниту на оние на Исток“, нагласи Вучиќ.

Реакцијата на Вучиќ следи по интервјуто на министерот за европски интеграции Немања Старовиќ за австриската агенција АПА. Старовиќ навести дека Србија може да размисли за усогласување со санкциите на ЕУ против Русија откако нејзиното членство во Унијата ќе стане неизбежно.

Тој објасни дека одбивањето да се воведат санкции произлегува од економска неопходност, а не од политичка лојалност кон Москва.

„Русија воопшто нема да биде погодена, но српската економија ќе биде погодена во огромна мера“, рече Старовиќ.

Сепак, претседателот Вучиќ ги отфрли тие изјави, нарекувајќи ги „невнимателни“.

„Жал ми е што некои од нашите пријатели во руските медиуми едвај чекаат да најдат нешто за кое ќе ја критикуваат Србија. Исто така, жал ми е што имаме многу луѓе на нашата домашна политичка сцена кои би сакале да ги бранат Русите отколку Србија. Морам да ги разочарам, Србија нема да воведе санкции врз Русија“, рече Вучиќ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Русин и Германец снимале голи деца со мобилни телефони во камп во Истра

C +

СТРАШНАТА БУРА ЗАПОЧНА ВО РЕГИОНОТ: Силни дождови и град погодија делови од Хрватска – значително паднаа температурите

ДЕСК

„Подгответе се за изразена термобарична долина“: Хрватските служби предупредуваат за невреме со силен дожд, ветер и град што се очекува денес

ДЕСК