Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Креаторот на „Симпсонови“ даде одговор на прашањето: Кога ќе заврши серијата?

Мет Гронинг, креаторот на иконската анимирана серија „Симпсонови“, конечно се осврна на прашањето што ги мачи фановите со години на Сан Диего Comic-Con: кога ќе заврши серијата? Неговиот одговор предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

„Симпсонови“ е најдолготрајната анимирана серија во американската историја и несомнено една од највлијателните. Сепак, многумина се согласуваат дека најдобрите денови на серијата, таканареченото „златно доба“ кое ги вклучува сезоните од четврта до осма, се далеку зад нас. И покрај ова, серијата сè уште се снима, а нејзината 36-та сезона е во тек.

Гронинг ги изненади присутните со изјава за иднината на саканото жолто семејство. „Искрено мислев дека сезона 36 ќе биде крај“, призна тој, но веднаш додаде: „Но не, нема крај на повидок. Ќе продолжиме додека некој не умре“, јасно алудирајќи на смртта на еден од главните актери кои ги позајмуваат своите гласови на ликовите.

Оваа изјава, како што се очекуваше, предизвика лавина од коментари. Некои обожаватели веруваат дека серијата трае предолго и дека требало да заврши додека сè уште била на врвот на својата слава.

„Нели би било почесно да се заврши серијата додека сите актери се сè уште тука? Би било погрешно да се продолжи без оригиналните гласови“, напиша еден корисник, додека други беа поконцизни: „Предолго помина“.

Се појавија и теории дека серијата ќе продолжи, дури и по смртта на актерите, со помош на вештачка интелигенција.

„Гарантирам дека ќе користат вештачка интелигенција за да ја продолжат серијата во следните 200 години“, коментираше еден обожавател.

Некои повлекоа паралели со други земји. „Во Италија, кога почина актерот што го позајми гласот на Хомер, тие едноставно го заменија со друг. Не мислам дека смртта на еден актер ќе ги запре Фокс или Дизни“, додаде трет.

Од друга страна, постојат и оние најлојални обожаватели кои се надеваат дека Симпсонови никогаш нема да бидат откажани. Сепак, се чини дека никој не е целосно задоволен од изјавата на Гронинг на крајот, а дебатата за судбината на Симпсонови продолжува./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Бајага се огласи првпат по откажаните концерти во Хрватска

C +

ТУРСКАТА МУЗИЧКА СЕНЗАЦИЈА ЕДИС – ДЕЛ ОД LINEUP-ОТ НА SUNNY HILL FESTIVAL 2025!

ДЕСК

Групата „Инструментал“ со јубилеен концерт во Битола – 20 години музика, емоција и хуманост

ДЕСК