Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-БИЗНИС

Божиновска: Меѓународни експерти за енергетика во Скопје – и Германското друштво за меѓународна соработка со поддршка за енергетскиот форум

Министерката Сања Божиновска оствари работна средба со г. Давид Оберхубер, директор на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) во нашата земја.
Средбата беше фокусирана на зајакнување на тековната соработка меѓу Министерството и ГИЗ, со посебен акцент на подготовките за претстојниот 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој кој ќе се одржи од 28 до 30 октомври 2025 година во Скопје, под мотото „Од цели до акција: Напојување на иднината со одржлива енергија“

Настанот е организиран од Министерството за енергетика, рударство и и минерални суровини, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и петте регионални комисии на Обединетите нации.

ГИЗ, како долгорочен партнер на Македонија во областа на одржливиот развој и енергетиката, ја потврди својата подготвеност да даде активна поддршка на настанот – преку мобилизација на меѓународни и домашни експерти, како и учество во концептуализација и организација на тематски панел-дискусии.

Во рамките на средбата, беше направен преглед на тековните проекти што се реализираат со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка, особено во доменот на енергетската ефикасност. Двете страни изразија задоволство од досегашните резултати, кои покажуваат конкретен напредок во унапредувањето на националните капацитети и подобрување на условите за поефикасно управување со енергетските ресурси.

Покрај актуелните иницијативи, разговарано беше и за идните правци на стратешка соработка. Притоа, беа разгледани можности за развој на нови заеднички проекти за 2026 година, кои би се фокусирале на поддршка на процесот на енергетска транзиција, дигитализација на енергетскиот сектор, како и унапредување на институционалните капацитети преку техничка и експертска помош.

Министерката Божиновска ја нагласи важноста на континуираната поддршка од страна на ГИЗ, оценувајќи ја оваа соработка како исклучително вредна за унапредување на одржливите и инклузивни политики во енергетскиот сектор. Таа додаде дека Министерството останува отворено за понатамошно продлабочување на партнерството, со цел обезбедување стабилна, зелена и иновативна енергетска иднина за граѓаните на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: На Скопје не му требаат рециклираните споменици од времето на режимот

ДЕСК

Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија

ДЕСК

Мицкоски: Во енергетиката имаме исклучиво пазарно ориентирани инвестиции во интерес на граѓаните

ДЕСК