Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје – судир меѓу шкода и мотор јамаха, има повредени

На 26.07.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.05 часот на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Трајко Иванов Љузе“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(61) и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С.(28) двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.С., константирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Додека, П.Б. се здобил со телесни повреди, константирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК