19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ до ВМРО ДПМНЕ: Доста глумите опозиција – Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

Соопштение на СДСМ:

Додека ВМРО-ДПМНЕ глуми опозиција, иако веќе втора година се централна, а четири години локална власт, изгоре пола Македонија.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ нема одговор и се обидува да избега од одговорност за катастрофалното водење на државата, вината се обидуваат да ја префрлат на опозицијата.

Каде е Наум Стоилковски со репортажи во живо да каже дека гори на 20 локации?

Можеби треба да излезе да ја обвини СДСМ и сега откако е удобно на власт.

Би сакале да ги потсетиме во ВМРО-ДПМНЕ дека лицето за кое зборуваат дека ја уништило способноста за противпожарна заштита е во коалиција со Христијан Мицкоски, поставен како директор на Дирекцијата за заштита и спасување со зголемена плата за 30% потпишана токму од Христијан Мицкоски.

На лицето Стојанче Ангелов во последните две години му изгоре површина како што вкупно во 30 години нема изгорено.

Што се однесува до смешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои глумат опозиција, ги повикуваме веднаш и неодложно, јавно да ги објават имињата на сите оние кои подметнувале пожари.

Секое одбивање да се објават имињата на потпалувачите ќе го сметаме за соучесништво на ДПМНЕ во потпалувањето на пожари и смислено сценарио за одвлекување на јавноста од проблемите предизвикани од апсолутната неспособност на оваа Влада.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК