Centar.mk
фото илустрација/центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Масовна тепачка среде Тетово, има ранет

На 26.07.2025 во 23.40 часот на улица ,,Маршал Тито” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода две лица од с Палатица, тетовско, две лица од с.Дебреше гостиварско, едно лице(25) од с.Вруток, гостиварско, и три лица од с. Селце, затоа што го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која маж од с.Селце бил повреден со остар предмет.

Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а бил пронајден остриот предмет и подигнат за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК