8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

Нa 26.07.2025 во 23.20 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишиле од слобода двајца малолетници од Струмица на возраст од 17 и 14 години. Имено, во 23.30 часот на место викано „Монополот“ во Валандово, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, кое претходно во полициската станица Струмица било пријавено за одземено, а било управувано од 17 годишниот малолетник, а сопатник бил 14 -годишникот.

Во полициската станица Валандово бил извршен разговор со лицата во присуство на вработен од Центар за социјални работи Валандово, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Возилото е одземено и ќе биде вратено на сопственикот.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

ДЕСК

Куферот пред штабот на ВМРО ДПМНЕ бил празен

ДЕСК

Ацевски: Ревизија на сите ДУП-ови во Ѓорче и забрана за градење на висококатници!

ДЕСК