Centar.mk
СВЕТ

Хуманитарен конвој од Египет се движи кон Појасот Газа

Конвој со хуманитарна помош тргна од Египет кон Појасот Газа по зголемениот меѓународен притисок и предупредувањата од голем број хуманитарни агенции дека масовното гладување се шири низ енклавата.

Израелската војска соопшти дека ќе обезбеди „хуманитарни коридори“ за безбедно поминување на конвоите на ОН што доставуваат помош до жителите на Газа и дека ќе воспостави „хуманитарни паузи“ во густо населените области.

Израел претходно продолжи да доставува помош по воздушен пат до Појасот Газа, што го потврдија и палестински извори.

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ја опиша кризата како „масовно гладување предизвикано од човечка активност“.

Повеќе од 125 луѓе починаа од неухранетост, вклучувајќи 85 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа во саботата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК