изјава на ДУИ:
Демократската Унија за Интеграција ја изразува својата загриженост во врска со најавениот проект за изградба на нови објекти во просторот на Скопското Кале, кои наместо зачувување и промоција на историските вредности, претставуваат реална опасност за нарушување и изменување на архитектонскиот и културен оригиналитет на оваа локација со посебно значење за сите граѓани.
Скопското Кале претставува вековен сведок на соживотот и мултиетничката историја на оваа земја. Претходните интервенции, кои немаа научен или реставраторски карактер, сега се мисли да се надополнуваат со нови градби што ниту ја отсликуваат историската реалност, ниту го почитуваат автентичноста на културното наследство.
ДУИ смета дека Калето не смее да се претвори во арена за политичка корист или симболичко наметнување. Секој иден проект треба да биде заснован на професионални стандарди и со целосно почитување на оригиналноста и вредностите на заедничкото културно наследство.
Апелираме до Министерството за култура и сите надлежни институции да ги запираат сите иницијативи кои може да го нарушат историскиот идентитет на Калето и да вклучат експерти од областа на културното наследство, археолози и историчари, со цел секоја интервенција да биде транспарентна и далеку од секаква тенденција на политизација или етнизација.
Скопското Кале треба да се зачува и реставрира, а не да се гради врз него, ниту да се реинтерпретира според дневно-политички агенди. Заштитата на неговата автентичност е заедничка одговорност и придонес кон изградбата на зрело и рамноправно општество за сите.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...