17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: 26 јули засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје – како потсетник дека имаме обврска, и ние и идните генерациите, да ја негуваме љубовта кон градот, никогаш да не ги заборавиме жртвите од земјотресот

На денешен ден, пред 62 години, во Скопје се случи една од најголемите трагедии. Во 5 часот и 17 минути, разорен земјотрес го погоди градот – за само 20 секунди запре животот во Скопје, напиша Венко Филипче, Претседател на СДСМ по повод одбележувањето на 62 годишнината од земјотресот во Скопје.

Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи, направи огромна материјална штета, зад себе остави урнатини и болка.

Од тие рушевини, со трудот и пожртвуваноста на граѓаните и со несебичната помош од целиот свет, се роди едно ново Скопје – посилно и похрабро. Тоа Скопје стана симбол на солидарност, човечност и заедништво, град кој не само што преживеа, туку и прерасна во место со космополитски дух и силна надеж за иднината.
Денес оддаваме почит и се сеќаваме на жртвите во земјотресот, но истовремено се сеќаваме и на храброста на сите оние кои помогнаа од хаосот и руините да се роди едно ново урбано и модерно Скопје.

26 јули засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје – како потсетник дека имаме обврска, и ние и идните генерациите, да ја негуваме љубовта кон градот, никогаш да не ги заборавиме жртвите од земјотресот. Да продолжиме да го градиме Скопје и нашето општество врз вредностите што не обединија тогаш и кои треба да не обединуваат и во иднина – солидарноста, човечноста и заедништвото, напиша Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Критично на неколку локации – пожари беснеат низ шест општини

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ СО ВРЕМЕТО, ДОЖД И НЕВРЕМЕ ДОАЃА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – Метеоцентар со детлана прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Во тек невреме во Преспанско-охридскиот регион, истура дожд и североисточно од Пробиштип

ДЕСК