16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинските напади со беспилотни летала парализираа осум аеродроми во Русија

Поради напад од непознати беспилотни летала, во Русија истовремено беше воведена оперативна безбедносна постапка на осум аеродроми, според руски јавни извори. Летовите се суспендирани на аеродромите „Владикавказ“, „Грозни“, „Магаш“, „Минераљне Воде“, „Налчик“, „Ставропол“, „Сочи“ и „Тамбов“, објавува „РБЦ-Украина“.

Воздушниот простор над овие аеродроми е привремено затворен. Како резултат на нападот со беспилотни летала одложени се 25 лета. Само на аеродромот во Сочи одложени се дури 45 лета, и во полетување и во слетување, поради напади со беспилотни летала.

Патниците претежно остануваат мирни и чекаат откажување на таканаречениот план Ковјор.

Во текот на изминатата ноќ Украинците повторно извршија голем напад со непознати беспилотни летала врз Русија, според „РБЦ-Украина“.

Во градот Невиномиск во ставрополската територија воздушната одбрана собори најмалку 30 беспилотни летала за неколку часа. Сведоците велат дека целта била хемиската фабрика „Азот“ во Невиномиск, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

Дополнително, експлозии се слушнале во неколку градови во Ростовскиот Регион во текот на ноќта на 25 јули, кој исто така бил цел на напад од непознати беспилотни летала, според светските агенции./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала кон Украина

C +

Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

C +

Во обилните дождови во Пакистан загинаа над 300 луѓе

C +