9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тајландската војска: Камбоџа нè бомбардира, ние одговоривме

Војската на Тајланд денеска соопшти дека судирите меѓу тајландските и камбоџанските трупи продолжиле, при што Камбоџа користела тешко оружје, вклучувајќи артилерија и ракети. Судирите се случуваат втор ден долж нивната граница.

„Камбоџанските сили вршеа континуирано бомбардирање користејќи тешко оружје, артилерија и ракетни системи БМ-21“, се вели во соопштението на тајландската војска. Се додава дека тајландските сили одговориле со соодветен оган според тактичката ситуација.

Тајланд, за потсетување, вчера изврши воздушни напади врз воени цели во Камбоџа, додека соседната земја користеше ракети и артилерија, убивајќи цивили во драматична ескалација на долготрајниот граничен спор меѓу двете земји.

Во вооружен конфликт меѓу Камбоџа и Тајланд вчера загинаа најмалку девет тајландски цивили во три провинции, соопшти тајландската војска. Меѓу загинатите е и осумгодишно момче. Уште 14 лица се повредени.

Соседните земји се борат околу област наречена Мом Беи на кмерски јазик, каде што се допираат границите на двете земји и Лаос и каде што се наоѓаат неколку древни храмови. Спорот трае со децении и доведе до крвави воени судири пред повеќе од 15 години и повторно во мај кога камбоџански војник беше убиен во борба.

Конфликтот повторно ескалираше вчера кога Камбоџа испука ракети и артилерија кон Тајланд, која испрати борбени авиони Ф-16 за да изврши воздушни напади./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Најголема мобилизација на Националната гарда во градовите на САД во историјата

C +

(Видео) Израел објави снимки од масакрот на Хамас: „Најмрачниот ден во историјата на земјата“

C +

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да нè заплаши

C +
error: Соддржината е заштитена.