Centar.mk
фото ЦУК
МАКЕДОНИЈА

Седум активни пожари во земјава, вкупно евидентирани 33 на отворен простор

Во текот на изминатото деноноќие, заклучно со 08:00 часот утрово (24/25 јули 2025), во земјава се евидентирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои седум се сè уште активни, седум се под контрола, а деветнаесет се целосно изгаснати.

Меѓу најзагрозените области се подрачјето меѓу Василево, Радовиш и Берово, каде што гори планинскиот предел околу село Нивичино, како и делови од Голем Готен и Малешевските Планини. Овде е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

Пожари се активни и кај селото Бешиште во Прилеп, на локацијата позната како Бешишки Рид, каде што огнот се шири низ мешана шума и се движи кон селото Градешница. Во општина Македонски Брод, пожарот во селото Црешнево зафаќа ниска вегетација, а слична состојба е и во Штип, каде што се гори во атарите на селата Драгоево и Селце, со зафатена нискостеблеста шума и сува трева.

Дополнително, пожар е активен и во селото Нивичани во општина Кочани, каде што огнот се шири низ ниска шума и тревна површина. Во селото Јунузлија во општина Карбинци се гори шумски појас, а во општина Зелениково, кај селото Гумалево, е зафатена ниска вегетација.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК