Во текот на денешниот настан во Гевгелија, по повод пуштањето во употреба на новиот булеват „Свети Климент Охридски“ претседателот на Владата, Христијан Мицкоски даде свој коментар на двата закони кои вчера беа донесени во Собранието, а со кои се овозможува линеарно зголемување на пензиите и ваучери за студентите.
„Она што е важно да се каже е дека вчера поминаа два важни закони; едниот Закон е линеарното зголемување на пензиите, она што пенизонерите го бараа. Тие бараа фер, правично, линеарно зголемувње и со овие нови 2 илјади денари линеарно зголемување, ако се додадат и оние претходните 5 илјади денари, тогаш за 18 месеци имаме линеарно зголемување на пензиите за 7 илјади денари. Ако се спореди ова зголемување со зголемувњата во минатото тогаш доаѓаме до заклучок дека неколкукратно се зголемени пензиите за пензионерите. Дали е доволно ? Не е. Но, дали е повеќе од тоа што било- тогаш апсолутно е 3, 4 пати повеќе од било кој просек да го земете во подолг период. Земете го просекот на претходната Влада на СДСМ во 7 години ќе видите дека во овие 18 месеци за 4 пати е повеќе зголемувањето на пензиите.“ рече Мицкоски.
Премиерот Мицкоски се осврна и на ваучерите за студентите кои се овозможуваат со одлуката донесена вчера во Собранието.
„И да, вториот Закон е законот за кој што студентите на сите универзитети во државата и редовни и вондредни, буквално сите ќе се стекнат со право да добијат ваучер, вредносен бон во вредност од 15 илјади денари кој што ќе го искористат за набавка на електронски уреди кои што понатаму ќе им послужат на нив во текот на студирњето. Така што, овие два закона кои што ги ветивме еве ги испорачуваме. Тоа што во минатото се крадеше, сега се гради и се испорачува за граѓаните.“, заклучи премиерот.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...