Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден започна со Стенд ап комедија на Бојан Велевски

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Општина Илинден – „Илинден 2-ри Август“, беше организирана стенд ап комедија со еден од најпознатите македонски комичари, Бојан Велевски. Со насмевки и гласна смеа, настанот се одржа во амфитеатарот на Средното општинско училиште „Илинден“ и привлече голем број граѓани од сите возрасти.

Присутен на настанот беше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека патрониот празник е време на сеќавање и почит кон историското и културното наследство, но и дека е момент за сплотување на заедницата, токму преку настани што носат радост и забава. Градоначалникот исто така истакна дека Општината и во иднина ќе продолжи да организира културни програми кои ги поврзуваат генерациите и го збогатуваат општествениот живот.

Прославата продолжува и денес, 25 јули (петок) во 20 часот, со богат фолклорен концерт што ќе се одржи во амфитеатарот на Домот на култура „Илинден“. Публиката ќе има можност да ужива во настапите на неколку фолклорни ансамбли, а вечерта ќе ја заокружи настапот на доајенот на македонската естрада, Наум Петрески.

Општина Илинден останува посветена на зачувувањето и промовирањето на културното наследство преку организирање на вакви и слични настани кои го зближуваат локалното население и ја одбележуваат автентичната македонска традиција.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Во тек е реновирање на градинката „13 Ноември“, подобрени условите во сите градинки

ДЕСК

Успешно спроведена крводарителна акција во Општина Илинден

ДЕСК

Градоначалникот на утрински појадок со жените пензионерки од Општина Центар

ДЕСК