Centar.mk
фото АИ за потребите на Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ДРАМАТА ПРОДОЛЖУВА, ИНСТИТУЦИИТЕ НА ГОТОВС: Продолжува претрагата по 16-годишното девојче

Од рано изутрина, на лице место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица на Армијата „Волци“, како и припадници од Полициската станица Велес, со цел продолжување на потрагата, соопшти ЦУК утрово.

Акцијата се одвива во координација и со зголемено присуство на терен, велат од таму.

Инаку како што беше соопштено вчера во водите на Вардар во близина на Градско потонале две девојчиња, едното на возраст од 16 години, другото на возраст од 26 години.

Полицијата успеа да ја пронајде жива и здрава 26 годишната девојка, но по 16 годишното девојче се трагаше до ноќта, а потоа потрагата беше прекината поради лошите услови.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК