Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Потпретседателот Милошоски ќе учествува на 6. Светска конференција на претседатели на парламенти во Женева

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски, ќе учествува на Шестата светска конференција на претседатели на парламенти, што ќе се одржи од 29 до 31 јули 2025 година во Женева, во организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Обединетите нации.

Конференцијата, која се одржува на секои пет години, претставува највисока платформа за парламентарна размена и дијалог на глобално ниво, на која ќе се соберат претседатели и високи претставници на националните парламенти од целиот свет. Главна цел на овој значаен собир е зајакнување на парламентарната димензија во меѓународната соработка, промовирање на демократијата, владеењето на правото, мирот и одржливиот развој.

Во рамки на конференцијата се предвидени пленарни дебати, тематски панели, билатерални средби, како и усвојување на заедничка декларација, со која парламентите ќе ги реафирмираат своите заложби за конструктивен придонес во справување со глобалните предизвици.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК