Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, вчера оствари средби со жителите на општина Аеродром, со цел директна комуникација и собирање предлози, идеи и забелешки од граѓаните за клучните прашања што го засегаат нивното секојдневие.
На средбата граѓаните активно се вклучија со свои согледувања за состојбите во општината, од проблемите со хигиената на јавните површини, недостатокот на паркинг места и недоволно зеленило, до урбаното уредување, сообраќајната инфраструктура, состојбата со градинките и училиштата.
„Аеродром мора да се води со знаење, одговорност и слух за граѓаните, не ни требаат повеќе импровизации и неисполнети ветувања. Ни треба систем што ќе работи за луѓето, ќе ги вклучува во процесите на одлучување и ќе им дава можност да влијаат врз промените што ги засегаат нивните животи. Само така можеме да изградиме хумана, функционална и модерна општина – со граѓаните, за граѓаните” посочи д-р Трајановски.
Исто така д-р Трајановски истакна дека „како лекар исклучиво работам да помогнам и да своето знаење го применам најдобро што можам, така и како градоначалник, нема никогаш да ги двојам моите сограѓани кој од која партија, вера или етникум припаѓа, туку исклучио да помогнам заедно да направиме поубава општина за сите”.
На средбата се обрати и претседателот на ОО СДСМ Аеродром, Милутин Ристески, кој посочи дека токму граѓаните најдобро ги знаат приоритетите во своите маала и населби:
„Наместо да се носат политики од канцеларија, ние ја слушаме секоја идеја и критика. Ова не се само разговори – ова е почеток на една нова, поодговорна и почесна локална власт.“
Сепак, останува горчливата реалност: и по четири години владеење, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром не ги исполнија клучните ветувања. Нема ниту една нова градинка во најавените населби – Мичурин, Острово, Лисиче, Долно Лисиче. Од најавените 3.000 нови паркинг места – реализирани се само две мали паркиралишта. Зеленило од 100.000 м2, остана само на хартија. Урбаната опрема, велосипедската инфраструктура, „смарт клупи“, мерните станици, новата гимназија – сите се само дел од списокот на неисполнети ветувања.
Општината функционира во нетранспарентност, со политичка ароганција и отсуство на отчетност. Наместо посветеност кон потребите на граѓаните, гледаме партизација и игнорирање на реалните проблеми.
Затоа, потребна е промена. Потребна е локална власт која ќе биде со граѓаните, ќе ги слуша, ќе работи за нив.
НАЈЧИТАНО НА ИНТЕРНЕТ...