Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Бајага се огласи првпат по откажаните концерти во Хрватска

Момчило Бајагиќ-Бајага се огласи за прв пат откако беа откажани неговите концерти во два хрватски града – Сисак и Солин.

На 1 август, пак, ќе одржи концерт во Пула, во Малиот римски театар.

„Ниту се обидов да разберам, ниту можам да разберам. Никогаш во животот не сум бил вклучен во политика и сум фокусиран само на прекрасно дружење со публиката во Пула“, рече музичарот во интервју за Нови лист.

„Пред неколку концерти ја освеживме листата на песни и сигурни сме дека публиката во Пула ќе биде многу задоволна и едвај чекаме“, додаде тој.

За потсетување, првиот концерт на Бајага во Сисак, кој требаше да се одржи на 4 јуни за да се прослави Денот на градот, беше откажан. Информацијата ја потврди менаџерот на групата Драгослав Гане Пецикоза за локалниот портал Sisak.info.

„Веќе имаме свирено во Сисак и сè помина без проблеми. Објаснувањето е дека новата влада ја најде својата каса празна и нема пари. Мислам, немаме друг избор. Тоа го кажаа. Имаме договор од јануари, но нема причина да тужиме или да се жалиме“, рече тој.

Потоа беше откажан и концертот на Бајага во Солин, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година.

„Ве известуваме дека концертот на бендот Бајага и Инструктори, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година, како дел од овогодинешниот Кава Фест, е откажан поради безбедносни и технички причини“, објави Кава Фест, кој се одржува во рамките на Солинското културно лето.

Но, Далматинскиот портал дознава дека организаторите наводно со недели биле под притисок од одредени здруженија и групи кои сè уште го сметаат Бајага за политички непожелна личност – без оглед на фактот дека истиот бенд и истиот музичар се редовни гости на хрватските сцени со години, од Пула до Дубровник. На крајот, притисокот си го направи своето и концертот беше откажан./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТУРСКАТА МУЗИЧКА СЕНЗАЦИЈА ЕДИС – ДЕЛ ОД LINEUP-ОТ НА SUNNY HILL FESTIVAL 2025!

ДЕСК

Групата „Инструментал“ со јубилеен концерт во Битола – 20 години музика, емоција и хуманост

ДЕСК

Дали сте спремни за фестивалот на годината? Дуа Липа, Шон Мендез, Фетбој Слим, Пеги Гоу и многу други глобални ѕвезди, дел од лајнапот на “Sunny Hill 2025” во Приштина!

ДЕСК