7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС треба да се навикне дека законот важи и треба да важи еднакво за сите

СДС да се навикне дека функционирањето на институциите не е притисок и дека никој не е над законот, секој кој се огрешил ќе одговара, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ кој обвини дека пријавата за градоначалникот на Крива Паланка е срамен притисок и црна кампања на власта против успешните градоначалници на СДСМ.

„СДС треба да се навикне дека законот важи и треба да важи еднакво за сите.Помина времето на селективност и заштита на партиските лица и функционери на СДС.

Времето кога прекршувањето на законите од страна на државните функционери беше правило и тие поминуваа неказнето, заврши со заминувањето на СДС во опозиција.

Монтираните процеси, реваншизмот и прогонот кон неистомислениците се одлика што го одбележа седумгодишниот период на владеење на СДС.

Редовното функционирање и инспекциите на институциите во општините и општинските претпријатија, не е и не може да се смета за притисок.

Тоа е редовна пракса и обврска на инспекциските служби и таа се спроведува во сите општини, без исклучок.

Институциите се независни, работат согласно закон и постапуваат во согласност со доказите и фактичката состојба.

Наместо сега да плачи на прес-конференции, СДС и нејзините, и така малку функционери што ги има, да почнат да ги почитуваат законите и да работат во интерес на граѓаните“, пишува во реакцијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

ДЕСК

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДЕСК