Centar.mk
photo created by AI
РЕГИОН

Тројца Британци осомничени за силување во хотел во Сплит

Тројца британски државјани од албанско потекло се приведени под сомнение за силување на 28-годишна жена во хотел во Сплит, објавува „Далматински портал“.

Полицијата добила пријава во вторникот, кратко по 7 часот наутро. На местото на настанот пронашле еден осомничен, додека другите двајца биле брзо пронајдени и уапсени.

По завршувањето на кривичната истрага, полицијата утврдила дека постои основано сомнение дека тројцата заеднички и согласно го сториле тешкото кривично дело силување врз хрватската државјанка.

Тие биле испрашани од државното обвинителство, а се очекува предлог за изрекување мерка притвор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Косово на прагот на нови предвремени избори

C +

„Доаѓа необичен студен бран, ќе го погоди Балканот на средина од неделата“

C +

Бугарија во нов изборен круг: Осми избори за пет години, Радев се смета за фаворит

C +