15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Тесла“ објави уште еден пад на заработката, овој пат за 23 проценти

Профитот на „Тесла“ се намали за 23 проценти во вториот квартал, бидејќи продажбата на електрични возила продолжи да опаѓа, а инвеститорите се загрижени за потенцијалните последици од ескалацијата на конфликтот на извршниот директор Илон Маск со американскиот претседател Доналд Трамп.

Компанијата со седиште во Остин, Тексас, во вторникот соопшти дека прилагодената нето добивка за трите месеци до крајот на јуни изнесувала 1,4 милијарди долари, што е во согласност со очекувањата на аналитичарите, но е намалена во однос на 1,8 милијарди долари во истиот период минатата година.

Тесла се соочува со пад на продажбата поради застарено портфолио на модели, зголемена конкуренција од Кина и сè поизразена реакција на пазарот на политичките активности на Маск.

Иако пред три месеци објави дека ќе се префокусира на Тесла, Маск оттогаш дополнително ги затегна односите со Трамп, најавувајќи планови за воспоставување трета политичка опција која би се натпреварувала и со републиканците и со демократите.

Приходите на Тесла се намалија за 12 проценти, на 22,5 милијарди долари, што е блиску до просечната проценка на аналитичарите од 22,7 милијарди долари, според податоците од Visible Alpha.

Оперативната маржа во вториот квартал се намали на 4,1 проценти, што е намалување од 6,3 проценти претходната година. Нето добивката изнесуваше 1,2 милијарди долари, што е намалување од 16 проценти во однос на истиот период претходната година.

И покрај воведувањето на подобрена верзија на својот најпродаван теренец Model Y, продажбата на Tesla продолжува да слабее на главните европски пазари, каде што традиционалните производители и кинеските брендови на електрични возила сè повеќе доминираат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трипуновски по средба со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија: Поддршката на кампањата „Македонско најдобро“ е резултат на работа, визија и поттик да се купуваат македонски земјоделски производи и да се придвижи домашната економија

ДЕСК

Царинска управа: Откриена царинска измама со увози на месо во висина од 7 милиони денари

ДЕСК

AI телефонот на Телеком носи AI за сите

ДЕСК