15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна патнички авион во Русија – најверојатно нема преживеани

Контактот со патнички авион Ан-24, во кој се наоѓале приближно 50 луѓе, бил изгубен над рускиот Далечен Исток во четврток.

Според локалното министерство за вонредни ситуации, авионот, кој припаѓа на сибирската авиокомпанија Ангара, исчезнал од радарот додека се приближувал кон градот Тинда, во Амурскиот регион, кој се граничи со Кин,.

Гувернерот Василиј Орлов рекал дека, според првичните информации, во авионот имало 43 патници, меѓу кои и пет деца, како и шест членови на екипажот.

Руски патнички авион „Ан-24“, кој летал на линијата Хабаровск-Благовешченск-Тинда, исчезнал утрово во Амурската област, потврдија службите за итни случаи.. Руската служба за спасување, пребарувајќи од воздух, ги забележала остатоците од авионот, поточно запалениот труп на авионот.

Министерството за вонредни ситуации објави дека хеликоптерска единица го открила трупот на авионот во пламен.

„Спасувачите продолжуваат со пребарувањето и пристапот до теренот“, се вели во соопштението.

Локалната служба за итни случаи истакнува дека авионот е пронајден на планинска падина, на 15 километри од Тинда.

Областа е тешко достапна и, „се претпоставува дека нема преживеани“.

Ask ChatGPT

Можеби ќе ве интересира

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

C +

Бројот на ЗАРАЗЕНИ во Европа нагло расте, лекарите повикуваат на претпазливост: „Ова е загрижувачко“

ДЕСК

Сестрата на Ким Џонг-ун: Ќе напишеме во уставот дека не сакаме добри односи со Сеул

C +