Centar.mk
СВЕТ

Се урна патнички авион во Русија

Авион „ан-24“ на „Ангара ерлајнс“, со најмалку 40 патници, се урна во руската област Амур, на далечниот исток од земјата.

Остатоците од патничкиот авион се пронајдени на 15 километри од Тинда, планираната дестинација. SHOT објаснува дека хеликоптерот за пребарување не можел да слета во близина на местото на несреќата, па затоа спасувачите ќе мора да стигнат таму пеш.

„РИА новости“, повикувајќи се на извори, пишува дека, според прелиминарните податоци, нема преживеани.

Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, изјави дека, според прелиминарните податоци, во авионот имало 43 патници, меѓу кои пет деца и шест члена на екипажот.

Министерството за вонредни ситуации го процени бројот на луѓе во авионот малку помал, на 40-ина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американска анализа: Украина ја плаќа цената на европската слабост

C +

Украинци: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница

C +

Нова експлозија во Москва во близина на местото каде што пред два дена беше убиен генерал

C +