Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ започна со режимските практики пред избори. Кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка е срамен притисок и црна кампања на власта против успешните градоначалници на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ знае дека не може да победи во Крива Паланка, па не им останува ништо друго освен да ги вклучат механизмите за притисок и монтиран прогон. Режимот се враќа – граѓаните не смеат да подлегнат на овие злоупотреби, туку силно да одговорат на избори против старите режимски методи на власта, соопшти на Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар.

– Но ова не е изолиран случај. Во сите општини каде што раководи СДСМ, започната е инструментализирана кампања за притисок од сите можни институции. Се вршат инспекции и се измислуваат прекршоци, а во другите општини со кои раководат ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ништо не се проверува и нема инспекции.

Додека Тошковски срамно го брани криминалот на Висар Ганиу од 225 милиони евра, на оние кои чесно работат им измислува кривични пријави за да врши терор и заплашување.

Тошковски и Мицкоски мижат пред криминалот на ВЛЕН молчат за десетици скандали со местени тендери кои ги објави за нивните градоначалници, но измислуваат криминал кај СДСМ и нашите кандидати, порача Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

– Ова е удар врз демократијата и слободата, врз правниот поредок! Тошковски треба да се срами што извршува вакви партиски задачи и што го злоупотребува МВР за партиски цели. Кога ВМРО-ДПМНЕ не знае како да се спротивстави и знае дека ќе изгуби, тогаш не бира средства – уништуваат семејства, газат по законот и заплашуваат.
Но ова ќе им се удри од глава, а во Крива Паланка и во други општини ќе бидат поразени!

Сакам директно да им се обратам на нашите членови и функционери. Не смееме и нема да потклекнеме пред овие закани!

Ваквиот режим еднаш го преживеавме и победивме со упорност и со борба, со чесна работа и истрајност. Сега е потребно да се спротиставиме со цела сила, со фактите и вистината и граѓаните ќе препознаат кој е чесен, а кој режимски инструиран политичар!

СДСМ ќе продолжи да го разткрива режимскиот карактер на оваа власт кој само продолжува онаму каде што Груевски застана, рече генсекот на СДСМ

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО КОЈА СИТЕ ЈА ОЧЕКУВААТ: Од недела значителен пад на температурите и дожд – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +