Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кај Куманово прегазени двајца велосипедисти од Исланд – учествувале на младинските европски олимписки игри кои се оддржуваат во Македонија

На 23.07.2025 во 12.09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с.Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од маж(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри, што се одржуваат во нашата земја и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК