Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c)
-БИЗНИС

АСОМ: Новиот предлог-закон за игри на среќа не е регулација, туку политички напад врз легален бизнис

И по една недела од усвојувањето на новиот предлог-закон за игрите на среќа и за забавните игри на владина седница, Владата сè уште не дава никакви индикации дека планира да ги вклучи засегнатите страни во процесот на донесување на оваа важна законска регулатива.

Како Асоцијација на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), која работи легално и вработува 10.000 луѓе од кои зависат уште толку лица, членови на нивните семејства, сметаме дека носењето на закон на нетранспарентен и целосно затворен начин претставува директно загрозување на опстанокот пред сè на вработените, а понатаму и на целата индустрија.

Со предложениот закон се доведуваат во прашање не само над 10.000 директни работни места, туку и над 50.000 индиректни работни позиции во индустрии што се тесно поврзани со нашето работење.

Дополнително, со уништување на легалните приредувачи на игри на среќа, државниот буџет ќе биде оштетен за повеќе од 280 милиони евра годишно, средства кои се влеваат во државната каса од индустријата на игри на среќа како одговорен чинител во бизнис секторот.

Владата, наместо да ја поддржи економска стабилност, турка законско решение кое, водено од политички калкулации пред избори, ризикува да нанесе долгорочна штета и на индустријата и на државата.

Покрај тоа, Владата упорно избегнува да се соочи со фактите кои се неизбежни – затворањето на целата легална индустрија за игри на среќа ќе значи единствено развој на нелегално, нерегулирано и небезбедно играње. Крајниот резултат од оваа владина одлука ќе биде проширување на нелегалниот бизнис, државата ќе изгуби милиони евра приходи, а контрола врз пазарот повеќе нема да постои.

Потсетуваме дека, секој обид за измена на законската рамка досега бил искористен како средство за политичка манипулација и создавање притисок врз легалниот и уредно регулиран бизнис сектор, наместо како искрен обид за унапредување на регулативата или заштита на граѓаните. Вистината мора да биде јасна: сите компании членки на АСОМ работат согласно највисоките професионални и законски стандарди.

За Асоцијацијата, новиот предлог-закон е целосно неприфатлив и ќе има сериозни штетни последици врз економијата, работните места и безбедноста на играчите.

Апелираме за итна и транспарентна јавна расправа на која аргументите ќе бидат отворено изложени, а решенијата ќе се темелат на економската логика и интересот на граѓаните. АСОМ останува отворен за дијалог и конструктивни решенија во интерес на нашите вработени, играчите и економијата.

Можеби ќе ве интересира

Перински во Гевгелија: Инфраструктурниот бум е она што ја издвојува оваа Влада од сите претходни

ДЕСК

Успешно прво полугодие за НЛБ Банка: Силен раст, одговорно и одржливо работење

ДЕСК

Николоски:  Го пуштивме новиот Западен Булевар на Гевгелија, а во следниот период ќе работиме во Моин, Прдејци и Богородица-Гевгелија

ДЕСК