Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп се закани со 100% царини за купувачите на руска нафта ако не се постигне мировен договор

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави за „Фокс њуз“ дека санкциите врз купувањето руска нафта се „многу реална можност“ во обид да се стави крај на војната во Украина.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, овој месец изјави дека Вашингтон би можел да воведе 100-процентни царини врз купувачите на руска нафта и да воведе други санкции доколку Москва не се согласи на голем мировен договор со Украина до крајниот рок утврден за почетокот на септември.

„Тоа е голем притисок врз Русија“, рече Рајт во интервју за „Фокс њуз“.

„Тоа е најголемиот притисок што можете да го извршите врз нив“, рече Рајт.

САД се водечки светски производител на нафта и гас, а Рајт рече дека таа позиција значи дека САД можат да преземат дејствија што претходно беа незамисливи.

„Можеме да правиме работи што не можевме да ги правиме порано“, рече тој.

И покрај ова, администрацијата на Трамп сè уште не воведе големи санкции за нафта врз Русија./Извор:Makfax