Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гаши синоќа итно хоспитализиран поради болки во стомакот – не се знае дали и колку време ќе биде заддржан на лекување

Африм Гаши, Претседателот на македонското Собрание синоќа бил хоспитализиран во Клиниката за дигестивна хирургија.

Според информациите не се знае дали и колку време Гаши ќе биде заддржан на лекување.Според достапните податоци најверојатно нема да има потреба од оперативен зафат.

Тој синоќа бил примен во болница откако се пожалил на болки во стомакот.

Засега нема официјален став од Собранието по повод овој настан.

Собранието деновиве требаше да работи интензивно со цел носење на важни закони, со оглед дека до 8-ми август треба да бидат распишани Локалните Избори 2025, а дополнително отежнување е и тоа што голем дел од август е неработен за Парламентот.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК