Centar.mk
РЕГИОН

„Започна со чад, а потоа се слушнаа сирени“: двајца повредени во пожар на туристички брод во Далмација

Хрватските пожарникари добиле повик за пожар на туристички брод во Макарска во 8:23 часот утрово. Горел бродот „Казанова“.

Полицијата потврдила дека пожарот започнал во кујната. „Далмација Данас“ дознава дека две лица побарале медицинска помош во Здравствениот центар во Макарска.

Неофицијално, дознале дека повредите се полесни изгореници.

„Започна со чад, а потоа се слушнаа сирени“, изјавил читател за „Далмација Данас“.

Полицијата и пожарникарите реагираа на местото на настанот. Пожарот е локализиран. Во тек е полициска истрага за да се утврди причината за пожарот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МРТВИ ЛУЃЕ БИЛЕ ЗАПИШАНИ КАКО ДИРЕКТОРИ – Даночна афера од 203 милиони евра во Грција

ДЕСК

АЛБАНИЈА МЕЃУ ПОСКАПИТЕ ЕНЕРГЕТСКИ ПАЗАРИ – Цената 14 проценти повисока од грчката

ДЕСК

КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ТРАГЕДИЈАТА НА „ТРАКИЈА“? – Бугарските истражители ги проверуваат околностите

ДЕСК