Centar.mk
РЕГИОН

„Започна со чад, а потоа се слушнаа сирени“: двајца повредени во пожар на туристички брод во Далмација

Хрватските пожарникари добиле повик за пожар на туристички брод во Макарска во 8:23 часот утрово. Горел бродот „Казанова“.

Полицијата потврдила дека пожарот започнал во кујната. „Далмација Данас“ дознава дека две лица побарале медицинска помош во Здравствениот центар во Макарска.

Неофицијално, дознале дека повредите се полесни изгореници.

„Започна со чад, а потоа се слушнаа сирени“, изјавил читател за „Далмација Данас“.

Полицијата и пожарникарите реагираа на местото на настанот. Пожарот е локализиран. Во тек е полициска истрага за да се утврди причината за пожарот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

C +

Хаос на бензинските пумпи во Црна Гора по предупредувањето од нафтените компании

C +

ВОНРЕДНА ОДЛУКА: Српската влада одлучи да забрани извоз на нафта и сите нафтени деривати за моторни погони

ДЕСК