Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на Здружението „Јас Сум Жена“, Дукоска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Ана Дукоска, претседателка на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“.

На средбата, Дукоска ја информираше со реализираните иницијативи и истражувачки проекти на здружението, на национално и на меѓународно ниво.

Дукоска ја запозна со резултатите од интерактивните работилници и предавања од бројни експерти од земјата и од странство, истакнувајќи ја важноста на претстојната Глобална женска лидерска конференција на ,,Јас Сум Жена“. Субјект на годинешната дебата ќе бидат жените во руралните средини, како и жените со нетипични професии. Во годинешната дебата учество ќе земат жени од земјава и странство меѓу кои и Кимберли Флечер, претседателка на движењето „Мајки од Америка“.

Поздравувајќи ги посветеноста и ангажманот на здружението ,,Јас Сум Жена”, Сиљановска-Давкова ја истакна важноста на досега преземените активности за стимулирање на активноста на жените во сите сфери на општествениот живот, вклучувајќи ја и политиката.

Таа им посака плодна работа и успешна конференција.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК