16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна – ВМРО-ДПМНЕ отвора затворени прашања и удира врз македонските позиции

Одговор на новинарско прашање, Кристина Костова – попретседателка на СДСМ:

Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен, претставува нов удар врз македонските позиции од ВМРО-ДПМНЕ за свесно враќање наназад. Клучното прашање е зошто власта отвора прашања кои веќе се затворени кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и Европа. Овој потег ѝ дава дополнителен маневарски простор на бугарската страна за нови условувања. ВМРО-ДПМНЕ нема никакво влијание во Европскиот парламент ниту сојузници што се потврди и со гласањето за извештајот. Ваквата резолуција би значела нов пораз во ЕП. Штетни и исклучиво за тесно политички интереси се овие непромислени политики на ВМРО-ДПМНЕ со кои самите го оспоруваат она што веќе никој не го оспорува.

Прашањето е дали ВМРО-ДПМНЕ свесно сака да ја втурне државата до пораз во пораз за потребите на своја кампања? Дали ова не е уште едно договорено сценарио со дел од ним блиски бугарски европратеници за креирање повторно страв за македонскиот јазик и идентитет? Штетите кои се прават со овие политики ќе бидат трајни.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК