На 20.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода четири млади лица на возраст од 2), 32,36 и 19 години, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 20.07.2025 во 15.50 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ.(40) од Косово, затоа што при пасошка контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ – по барање на Интерпол. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Мирковци за понатамошна постапка.
На 20.07.2025 во 22.27 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода С.К.(32) од Р.Грција, затоа што при пасошка контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
На 20.07.2025 во 20.35 часот во Скопје, пред Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Г.(58) од Скопје, затоа што омаловажувал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.