Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Тошковски е нова верзија на Груевизмот – сака партиска милиција под своја контрола

Реакција на СДСМ/Интегрално:

Министерот Панче Тошковски оди по стапките на Никола Груевски. Со предлог измените на Законот за полиција подготвува партиска милиција под негова контрола.

Какви реформи, какви бакрачи, Тошковски го претвора МВР во параполициски апарат за заштита на криминал и партиски интереси на ВМРО-ДПННЕ. Класичен рецепт за полициска држава!

Предлог-законот за полиција којшто Тошковски го предлага е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран, со многу скандалозни измени кои потврдуваат дека целта е целосна партизација на полицијата.

Тошковски ги урива и драстично ги намалува критериумите за образование и искуство за највиоските оперативни позиции во полицијата. Го елиминира кариерниот систем, дури и началник на СВР по рецептот на Тошковски да може да биде било кој што тој ќе одлучи.

Ги укинува регионалните гранични центри, што е директерн удар врз контрола на границите. Сака да овозможи бришење на полициски податоци – што е опасен механизам за прикривање на криминал.

Тошковски ги дискриминира младите – со подигање на старосната граница се отвора место само за партиски вработувања во полицијата. Го брише членот што спречува вработување на осудени лица – полицијата станува прибежиште за криминалци.

Ова е директен удар врз системот за безбедност и заштитта на граѓаните и удар врз професионалците во МВР. Ова не е ништо друго туку правење партиска милиција под капата на Тошковски.

СДСМ бара итно повлекување на предлог-законот и прекин на узурпацијата на МВР.

Полицијата мора да биде во служба на граѓаните – не алатка на партиска мафија.

Во Македонија нема место за нова верзија на Груевизмот со Тошковски во главна улога.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК