Centar.mk
СВЕТ

Најжешкиот град во светот во Иран, вчера измерени речиси 50 степени

Најжешкиот град вчера беше Омдије во Иран, каде што биле измерени 49,6 степени, податоците се објавени на веб-страницата „Огимет“, која собира временски податоци од целиот свет.

На второ место беше градот во Иран, Ахваз, сместен во долината на реката Карун, со 48,6 степени.

Најстудената точка во светот беше Восток на Антарктикот, каде што беа измерени минус 74,2 степени.

Најсилниот ветер беше регистриран на Гренланд, налетите достигнаа 220 километри на час, а најмногу дожд наврна во Индија во градот Хонавар.

Во Европа, вчера, според написите во светските агенции, најжешко беше во Турција, каде што дури осум града беа меѓу десетте најжешки.

42,6 степена беа измерени во Батман, 41,9 во Дијарбакир, 41,7 во Урфа. И два града во Шпанија беа меѓу десетте најжешки – Сјеса со 39,7 степени е на седмото место и Мурсија со 39,4 на десеттото место.

Во швајцарскиот врв Јунгфрајох беше нула степени и тоа беше најстудената точка во Европа вчера напладне./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Два танкери се погодени во Ормускиот теснец; Иран: Користеле недозволена рута

ДЕСК

Шефот на НАТО: Русија губи повеќе војници месечно отколку што САД изгубија во целата Виетнамска војна

ДЕСК

Шји Џинпинг: Мора да се постигне повторно обединување на Тајван со Кина

ДЕСК