15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

РАЗОРЕН ЗЕМЈОТРЕС од 7,4 степени ја погоди руската Камчатка, издадено предупредување за ЦУНАМИ!

Во источниот дел на Русија, недалеку од брегот на полуостровот Камчатка, регистриран е силен земјотрес со јачина од 7,4 степени, јавува Американскиот геолошки завод (USGS). Потресот се случи во неделата и беше проследен со уште два последователни земјотреси, со магнитуди од 6,7 и 5 степени, сите во интервал од 32 минути.

Епицентарот на најсилниот земјотрес бил сместен околу 140 километри источно од Петропавловск-Камчатски, административниот центар на регионот Камчатка, каде што живеат повеќе од 160.000 луѓе. Според USGS, земјотресот се случил на релативно плитка длабочина од 20 километри.

Како последица на серијата потреси, американскиот Национален центар за предупредување од цунами издаде предупредување за потенцијални бранови за делови од рускиот Далечен Исток, додека претходно издаденото предупредување за Хаваи беше повлечено.

Сеизмолошкиот центар на Германија (GFZ) иницијално го регистрираше потресот со јачина од 6,7 степени, но подоцна ја ажурираше информацијата и ја потврди магнитудата од 7,4 степени.

Засега, нема пријавени жртви или материјални штети.

Полуостровот Камчатка, кој се протега меѓу Јапонија и Алјаска, е познат како една од најсеизмички активните региони во светот, бидејќи токму таму се среќаваат Тихоокеанската и Северноамериканската тектонска плоча.

Ask ChatGPT

Можеби ќе ве интересира

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

C +

Бројот на ЗАРАЗЕНИ во Европа нагло расте, лекарите повикуваат на претпазливост: „Ова е загрижувачко“

ДЕСК

Сестрата на Ким Џонг-ун: Ќе напишеме во уставот дека не сакаме добри односи со Сеул

C +