11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полска забрани пушење на сите видови цигари на работно место

Од 5 јули годинава, Полска воведе целосна забрана за пушење на работното место, вклучително и електронски цигари – дури и оние без никотин.

Прекршувањето на оваа забрана се казнува со 500 злоти (околу 7 илјади денари), а на вработените им се заканува дисциплинска мерка, па дури и отказ. Пушењето е дозволено само во посебно означена и затворена просторија, доколку работодавачот самиот одлучи да ја обезбеди.

Новите прописи воведуваат дополнителни забрани: продажбата на електронски цигари и производи што содржат никотин на лица под 18 години сега е забранета. Рекламирањето на овие производи е исто така забрането, а од јануари 2026 година е забранета и нивната продажба преку интернет. Електронските цигари без никотин ќе мора да бидат означени како штетни, додека количината на никотин во производите ќе биде ограничена на 20 mg/g.

Со ова, Полска се приклучува кон редот на земји кои строго ја регулираат употребата на сите форми на тутун и електронски цигари, без оглед на содржината на никотин, не само на јавни места, туку и во работната средина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +