Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Нема 2.500 денари покачување, пензионерите се грубо измамени од ВМРО ДПМНЕ, тврди СДСМ

– Со последната најава за линеарно покачување на пензиите за само 1.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето лицемерие и длабокото потценување на пензионерите, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ како одговор на новинарско прашање,

– ДПМНЕ велеа дека на пензионерите со методологијата им се дадени бедни 5% а ова е помалку од 5%.

Пензионерите се грубо измамени – ветеното покачување од 2.500 денари се претвори во симболични 1.000 денари. Дали егзистенцијата на нашите највозрасни сограѓани треба да се третира со ваков понижен однос? Секако не.

Одговорот пред пензионерите мора да го даде ВМРО-ДПМНЕ – зошто ветуваа едно, а испорачуваат понижувачко ништо?

ВМРО-ДПМНЕ јасно демонстрира дека нема вистинска грижа за пензионерите. Трошоците за живот во изминатитата година се зголемија за над 6.000 денари. Наместо одржливо и праведно унапредување на пензискиот стандард со постојано зголемување на пензиите гледаме ad hoc, популистишки и штетни за пензиоенрите решенија кои се диктирани само од дневна политичка потреба на власта.

Дополнително, со вакви хаотични потези, без економска основа и без почитување на пензискиот модел што обезбедува стабилност, власта директно го загрозува пензискиот систем на долг рок. Ова е опасно и неодговорно!

СДСМ укажува – не се решаваат проблемите со поткуп, туку со системски пристап, рече Кузеска.

Линк до видео: https://youtu.be/1OtNIqS9PWk

Можеби ќе ве интересира

Ахмети ќе учествува на лидерската средба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ДЕСК

НОВИ НАЈАВИ НА МЕТЕОРОЛОЗИТЕ: Повторно дожд, снег и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК